Славни жени на кои не им се брза да се омажат – иако сите од нив се во долги врски
- Детали
- понеделник, 29 април 2019
Не баш сите девојки мечтаат за голема величествена свадба. Има и такви за кои потписот на парче хартија е чиста формалност. На трети, пак, официјалниот статус во брак ништо не им значи. Кои се познатите дами што не сакаат по секоја цена да застанат пред олтар со емотивните партнери?
Ова се славните жени на кои не им се брза да се омажат – иако сите од нив се во долги врски:
Наталија Водјанова (37)
Руската манекенка и францускиот бизнисмен Антоан Арно се заедно од 2011 година. Љубовниот пар има два сина, Максим и Рим. Сепак, милијардерот и супермоделот уште си го немаат кажано судбоносното „да“.
Роузи Хантингтон-Вајтли (32)
Романсата меѓу прекрасниот модел и холивудскиот актер Џејсон Стејтам трае речиси девет години. Тие се родители на синот Џек. Заеднички се смеат на постојаните шеги за нивната свадба, бидејќи се верени веќе две-три години, a од долго очекуваната церемонија нема ни трага ни глас.
Ирина Шајк (33)
Љубовта меѓу занесната манекенка со руско потекло и синоокиот шармер Бредли Купер датира од 2015 година. Ја крунисаа со раѓањето на ќеркичката Леа, но не и со бурма на дланките. Создадени се еден за друг, а сепак никаде не брзаат. Последните гласини за наводната афера на глумецот со пејачката Лејди Гага не успеа да им го скрши односот. Напротив.
Ева Мендез (45)
Латино заводничката го освои срцето на еден од најпосакуваните ергени во светот, меѓутоа неа не ѝ се брза да го промени и неговиот брачен статус. Ева Мендез и Рајан Гослинг се пар од 2011 година, родители се на ќерките Есмералда и Амада, а својата интима ја кријат што подалеку од очите на јавноста.
Бела Хадид (22)
Убавицата и музичарот почнаа да се гледаат во 2015 година. Потоа на кратко се разделија, кога The Weeknd беше во кратка врска со колешката Селена Гомез. Меѓутоа, на срцето не може да му се заповеда. Тие се одново заедно и очигледно посреќни одошто во минатото, ама не размислуваат за брак во блиска иднина.
Голди Хоун (73)
Холивудската дива и партнерот Курт Расел се најискусниот пар во таквите односи. Актерските легенди се љубат неверојатни 36 години – без никакви формалности. Секоја им чест, зар не?
М. А. | Црнобело