Леонардо ди Каприо и уште 4 ѕвезди кои сè уште живеат со родителите
- Детали
- сабота, 20 април 2019
Леонардо ди Каприо ја носи мајка си и на настани. Селена Гомез има потреба од поддршката од нејзините родители поради проблемите со менталното здравје.
Некои го сакаат комфорот, топлината и домашно приготвената храна, други се соочуваат со кризи во животот и им е потребна поддршка, па затоа живеат со родителите.
Кои ѕвезди живеат со родителите:
Леонардо ди Каприо
Најпосакуваниот ерген во Холивуд кој е познат по љубовните романси со прекрасни девојки сè уште живее со неговата мајка. Таа го поддржува Лео од почетокот на неговата кариера и тој често на најважните настани се појавува токму со неа.
Мишел Обама
Мајката на Мишел Обама е грижлива баба која ги чува внуките и внимава на домаќинството. Таа живееше и во Белата куќа со нив.
Џулија Робертс
Актерката со својот сопруг и децата живееше со својата мајка до нејзината смрт во 2015 година.
Деми Ловато
Поради проблеми со зависностите таа се всели назад кај нејзината мајка ѝ за да има поддршка и стабилност.
Селена Гомез
Поради проблемите со менталното здравје актерката се врати да живее со своите родители.
С. С. | Црнобело