Зошто голем број на ѕвезди умираат на 27 години?
- Детали
- петок, 19 април 2019
Во 2011-тата година, смртта на Ејми Вајнхаус повторно ја актуелизираше темата за Клуб 27 – листа на талентирани луѓе, најчесто музичари, кои го загубиле животот на 27 години, најчесто под мистериозни околности.
Во таа насока, последниве години се спроведуваат многу истражувања и статистики, па заклучоците се различни.
Во продолжение, ви пренесуваме неколку можни теории и претпоставки како луѓето го објаснуваат ова мистериозно губење на животите на ѕвездите точно на 27 години.
Прва претпоставка
Коренот на проблемот не лежи во бројот како број, туку во фактот дека на многу рана возраст го достигнале она што многу од луѓето не можат во текот на целиот свој живот.
Според статистиките, ѕвездите кои имаат нешто над 20 години и го уживаат врвот на својата слава, после неколку години спласнува. Со оглед на брзиот успех, потоа и падот е прилично брз и ненадеен.
Како последица на тоа, лицето се впушта во прекумерно консумирање на супстанци, кои потоа секоја негова постапка ја прават непредвидлива.
Целиот овој ролеркостер кулминира на 27 години, кога некои не успеваат да го издржат притисокот.
Втора претпоставка
Според теоријата за личен развој на човекот, неговиот живот е поделен на 8 различни фази. Периодот од 26 до 54 години е фазата во која човекот одбира помеѓу продуктивност и инертност.
Во овој период човек веќе знае сè за себе. На 27 години настапува и кризата кога човекот ја формира својата личност, а не може да си го најде своето место во општеството.
Постои голема можност талентираните луѓе кои постигнале одреден успех повеќе да немаат идеја како да се развиваат понатаму, а тоа ги води до себе-уништување.
Потоа се појавуваат состојби на апатија, потчинетост, депресија, заблуда за својата величественост и слично.
Ејми Вајнхаус, Курт Кобејн, Џим Морисон, Џенис Џоплин и Џими Хендрикс се само мал дел од многуте ѕвезди поради кои е формиран митот за клубот 27.
М. Д. | Црнобело