Зошто Анџелина Џоли му го прави хорор тежок разводот на Бред Пит?
- Детали
- петок, 12 април 2019
„Иако Џоли го прави хорор овој процес за него, тоа нема да го убеди да ѝ се врати. Тој само сака сè да заврши и да биде добар татко на своите деца.“
Анџелина Џоли разводот на Бред Пит му го претвори во една долга и измачувачка процедура. Но, сега откриена е причината зошто актерката всушност толку ги комплицирала преговорите за разводот.
Џоли сака да го придобие назад Бред Пит, тврди извор близок до парот.
Бред Пит јасно ја одбил можноста за романтична врска повторно, но сака хармоничен однос со Џоли поради доброто на нивните деца.
„Анџелина јасно му кажа на Бред дека сака повторно да биде во врска со него. Сака да бидат семејство и не е способнa да продолжи понатаму. Токму затоа му го отежнува на Бред секој детаљ од нивниот развод“, тврди изворот.
Од друга страна, главната грижа на Бред е да биде добар татко на нивните 6 деца.
„На сослушувањата постојано ја држи устата затворена затоа што сè за што се грижи се нивните деца. Иако Џоли го прави хорор овој процес за него, тоа нема да го убеди да ѝ се врати.
Тој само сака сè да заврши. Разводот можеше да биде финализиран пред една година, но таа едноставно не се предава“, вели изворот.
Инаку минатата година Џоли изјави дека нејзината врска со Бред станала лоша и тврдеше дека таа добро се навикнува на животот како сингл жена.
Нивната разделба, која ги шокираше сите, се случи во 2016 година, а 4 седмици потоа имаше објава дека ФБИ го испитува Бред поради физичка злоупотреба на синот Медокс додека бил пијан на приватен лет. Обвинувањата беа отфрлени потоа.
Прочитајте и 15 ужасни работи кои Анџелина Џоли му ги правеше на Бред Пит!
С. С. | Црнобело