Славни личности кои поседуваат куќи во Грција

Грција не е привлечна само за соседните и блиските земји, туку и за светските славни личности, кои дури и поседуваат имот на некои од привлечните места низ земјата.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-01.jpg

Магичните песочни плажи, прекрасното зајдисонце со поглед на кристално чисто море, гостопримливи луѓе и традиционалната кујна се квалитетите со кои Грција ги примамува туристите од целиот свет.

Покрај сите останати, и славните личности сакаат да уживаат во убавините на Грција, а освен туристичките посети и одмори, некои од нив поседувале или уште поседуваат куќа на некои од местата низ Грција.

Погледнете кои ѕвезди поседуваат или поседувале „парче рај“ во оваа земја:

Том Хенкс

Заедно со сопругата поседуваат вила од 450 метри квадратни на островот Антипарос.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-02.jpg

Џулија Робертс

Пред неколку години, актерката изразила интерес за грчкиот остров Патмос и наводно купила куќа од 900.000 евра со поглед на манастир.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-03.jpg

Роуан Аткинсон

Актерот поседува мала куќа на островот Андрос и ужива да поминува време со семејството во Грција.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-04.jpg

Роман Абрамовиќ

Рускиот милијардер поседува имот во Порто Хели, кој наводно вклучува црква, тениско игралиште и мини куќички покрај базен.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-05.jpg

Никол Кидман

Актерката одамна била заинтересирана за нов дом во Грција, конкретно на Саронските острови.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-06.jpg

Џони Деп

Актерот има купено ненаселен остров на Егејско Море за сума од 4.2 милиони долари.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-07.jpg

Мадона

Според изворите, Мадона поседува имот на Јонско Море на островот Кефалонија.

slavni-lichnosti-koi-poseduvaat-kukji-vo-grcija-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Светски познати ѕвезди кои годинава летуваа(т) во Грција (фото) Џеф Безос и Лорен Санчез, но и Линдзи Лохан која редовно летува на Миконос – кои...
14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg