Џејсон Стејтам (51) и Рози (31) си го менуваат работното темпо за почести прошетки со синчето
- Детали
- среда, 27 март 2019
Тие се во врска речиси една деценија, но сепак многу ретко ги гледаме заедно, освен на црвен тепих или на утрински и попладневни прошетки со синчето.
51-годишниот актер и 31-годишниот модел имаат зафатен распоред и динамично темпо на живот, но сепак наоѓаат време кое го поминуваат заедно како семејство.
Џејсон Стејтам и Рози Хантингтон-Вајтли се свршени веќе три години, а синчето Џек го добија пред повеќе од една година.
Иако можеби не откриваат многу детали за нивниот однос во јавноста, сепак тие успешно се држат како пар и уживаат во секој момент поминат заедно.
„Ние сме прилично нормални – не излегуваме од ресторани одвоено. Луѓето сакаат да живеат пред камера 24/7, но тоа не сме ние.“ - изјави Рози.
Рози и Џејсон досега имаа многу динамично темпо на живот, но сега сфатиле дека е време да поминуваат повеќе време со семејството и дека не можат постојано да се качуваат во авион и да одат на снимање секоја втора недела, па почнуваат да го менуваат работното темпо.
Во последно време, папараците секојдневно ги ловат на пролетни прошетки со синчето:
M. M. | Црнобело