Џастин Бибер и Хејли Болдвин повторно среде жестока расправија (фото)
- Детали
- вторник, 19 март 2019
Во бракот на Џастин и Хејли дефинитивно не цветаат рози, а тој неодамна на Инстаграм откри дека се бори, дека се чувствува чудно и сака сите да се молат за него.
Во медиумите осамнаа гласини дека во брачниот живот на Џастин и Хејли не цветаат рози, но моделот на Инстаграм негираше сè и им порача на фановите да не веруваат во гласините.
Од друга страна, Бибер јавно откри дека минува низ криза и сака сите да се молат за него.
Сега, парот беше фотографиран како се кара во еден парк, а Хејли вика и му објаснува нешто на Џастин, додека тој само гледа во земјата.
Ова не е првпат парот да биде фотографиран среде конфликт. Многу пати досега Џастин е уловен како плаче, се држи за глава и изгледа беспомошно.
Во една пригода Бибер плачеше поради нарушеното здравје на неговата поранешна девојка Селена Гомез, во друга пригода поради неговите проблеми со менталното здравје.
Дел од сцените на парот кога Бибер е растревожен:
Прочитајте и 10 факти за тешкотиите на Селена Гомез со менталното здравје!
С. С. | Црнобело