4-годишниот син на Алиша Кис „флертуваше“ со Тејлор Свифт, а 8-годишниот свиреше пијано на настапот на мајка си (фото+видео)
- Детали
- петок, 15 март 2019
Иако Алиша Кис беше главна ѕвезда на iHeartRadio наградите, нејзините синови ја засенија и беа во центар на вниманието.
Вчера се одржаа iHeartRadio наградите во Лос Анџелес, а во фокус на вниманието беа Алиша Кис и нејзините синови.
38-годишната пејачка имаше голема улога на настанот, а додека држеше говор на сцена, нејзиното помало синче во публиката не можеше да престане да гледа во Тејлор Свифт, да си игра и да се топи пред неа.
Алиша не можеше да не го забележи тоа, па се пошегува од сцената велејќи: „Всушност, син ми Генесис изгледа се обидува да излезе со Тејлор вечер. Тој работи на тоа – не сум сигурна како ќе оди ова, но прилично сум сигурна дека засега му оди добро.“
Додека помалото синче на Алиша се дружеше со Тејлор во публика, поголемиот имаше можност да ги покаже своите музички таленти на сцена.
Пејачката го повика на сцена нејзиниот 8-годишен син да ѝ се придружи на пијано додека таа ја изведуваше нејзината песна „Raise a Man“.
Момчето веднаш ја „придоби“ публиката додека смирено и фокусирано свиреше пијано покрај својата мајка, што ја направи изведбата на двете песни многу помоќна.
8-годишното момче облечено во бел комплет со бандана марама на главата го изведе и познатиот „Floss“ танц-потег и веднаш ја освои публиката.
Изгледајте го целиот настап, а потоа погледнете и фотки од семејството на iHeartRadio наградите:
https://www.youtube.com/watch?v=w1td0dl7QyQ
Погледнете ја галеријата со фотки:
М. М. | Црнобело