6 славни личности кои страдале од „прегревање“ поради работата

Стресот и прегревањето од работа не се нормална состојба и воопшто не треба да бидат прифаќани како такви, туку напротив, треба да се надминат.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-1.jpg

Сигурно ви се случило да не знаете што правите и каде „терате“ со животот, само затоа што сте премногу уморни. Многумина ова не го ни сфаќаат како сериозна состојба и со години беше игнорирана како појава.

Сепак, прегревањето е реално, а сè повеќе славни личности одлучуваат гласно да зборуваат за своите искуства:

Тифани Хадиш

Комедијантката се отвори за TMZ како прегревањето влијаело врз нејзиниот новогодишен настап. Таа напоменува дека со години работи секојдневно и дека во цела година спие едвај 30 денови дома.

Затоа и често страда од хроничен умор, прекувремено работење и прегревање.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-02.jpg

Бијонсе

Популарната ѕвезда имала повеќе случаи на прегревање низ годините успешна кариера. Неколку пати има и откажано настапи поради хроничен умор, а во 2011-та си земала слободна година за да може да одмори.

Бијонсе тврди дека имало многу денови во кои не била воопшто свесна кој ден е, која година и во кој град се наоѓа. Благодарение на својата мајка и нејзините совети, одлучила дека мора да се погрижи и за менталното здравје.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-03.jpg

Меган Маркл

Војвотката од Сасекс се соочи со прегревањето од работа кога започна да ги реализира своите кралски обврски. Тоа кулминираше во првите месеци од нејзината бременост, па многупати принцот Хари сам се појави на настаните предвидени за нив двајца.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-04.jpg

Селена Гомез

Младата пејачка веќе подолго време отворено зборува како уморот влијаел и врз нејзиното физичко, но и врз менталното здравје.

Таа веќе извесен период е подложена на дијалектичка бихејвиорална терапија, која целосно ѝ го променила животот. Селена за првпат се чувствува како да не треба да молчи, додека некој друг  суди за она што го работи.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-07.jpg

Хилари Даф

За своето прегревање од работа, Хилари зборуваше уште во 2005 година, опишувајќи го како умор кој не може да се среди со едно подолго спиење.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-05.jpg

Лили Сајнг

Една од најпознатите ѕвезди на Јутјуб со над 14 милиони следбеници на каналот, преку видео објави дека е ментално, физички, емоционално и духовно исцрпена и дека одреден период нема да објавува видео-содржини на својот канал.

6-slavni-lichnosti-koi-stradale-od-pregrevanje-poradi-rabotata-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg