Што ќе јадат и пијат ѕвездите на Златен глобус 2019?
- Детали
- четврток, 03 јануари 2019
На 6 јануари во недела ќе се одржи 76-та церемонија на доделување на Златните глобуси, за ТВ шоуа и филмови.
Ќе се делат награди, ќе се следат појавите на ѕвездите на црвениот тепих, ќе се чека на некакви интересни случки и гафови, но постои и дел што не е толку наменет за јавноста, колку за присутните таму.
Секој од присутните ќе може да проба од специјалното мени, наменето токму за оваа пригода. Оваа година храната ќе ја подготвува Метју Морган кој беше прогласен за главен готвач на Беверли Хилтон во март 2018-та.
Тој на славните ќе им подготви лесно јадење од чилеански бранцин со црн ориз, шпаргли и карамелизирани моркови.
Како десерт ќе биде послужена чоколадна торта од бело чоколадо, без брашно, дело на Томас Хензи, кој е главен слаткар на церемонијата. За првпат, десертот ќе биде безглутенски, како последица на зголемената побарувачка за безглутенска храна за време на церемонијата.
Официјален шампањ ќе биде Moët & Chandon, 28-ма година по ред. Ѕвездите ќе може да изберат меѓу различните видови шампањ, како и да го пробаат коктелот Моет Бел.
Овој коктел го „измисли“ актерката Камила Бел, инспирирана од своите бразилски корени. Во коктелот има моет, бразилска ракија која се прави од шеќерна трска, сок од манго, сируп од ѓумбир, сок од лимета и шампањ на Moët & Chandon познат како „Brut Imperial“. Коктелот се сервира со мраз и со бела орхидеја.
Е. Д. | Црнобело