Кое е дивото скандалозно дете, кое е наследникот: 7-те деца на Роман Абрамович (фото)
- Детали
- четврток, 03 јануари 2019
Една од ќерките му се сврши на 18 години, друга постојано се фали со богатството и јахтите на Инстаграм, но најстариот син изгледа ќе му биде достоен наследник.
Милијардерот Роман Абрамович во животот има сè што парите можат да купат. Но, 52-годишниот бизнисмен има и нематеријално богатство, односно 7 деца кои ќе ги наследат неговите пари.
Од првиот брак со Олга нема деца, од вториот со Ирина има 5 и од третиот со Даша има 2.
Но, кои се тие и што знаеме за нив?
Децата на Абрамович:
Ана (26)
Таа има 26 години, студирала филозофија и е најстарото дете на Роман. Прво од неговиот втор брак со Ирина со која се развел во 2007 година, по 11 години брак.
Ана ги полнеше медиумите кога на 18 години се сврши со нејзиното тогашно момче, додека сè уште одеше на училиште со хеликоптер или лимузина. Роман беше вознемирен, но парот се раздели пред да се венча.
Но, и покрај ова таа се смета за едно од најпримерните деца на милијардерот. Живее во Њујорк.
Аркадиј (25)
Во семејството на Роман, Аркадиј е првото машко, па се смета за наследник на „кралството“ на татка си.
Но, тој одлично напредува и сам, независно од Роман. Стои на чело на компанијата ARA Capital и се занимава со е-трговија и со гасната индустрија.
Тој е страстен фан на фудбалот, а има амбиции да поседува акции во некои фудбалски клубови.
Софиа (23)
Таа е „дивото дете“ во семејството и сака да води гламурозен живот со забави и јахти и тоа да го прикажува на Инстаграм. Има познати пријатели и отседнува во најлуксузните хотели на светот.
Неодамна дипломираше менаџмент и маркетинг и поседува три коња.
Арина (17)
Изгледа што Арина сака, тоа и добива. Таа се трка со коњи, а татко ѝ дава огромни пари за поддршка на нејзиното хоби.
Кога ќе дипломира сака да се пресели во Австралија.
Илаја (16)
Тој е последното дете родено во бракот на Ирина и Роман. Моментално оди во средно училиште во Лондон.
Арон (9) и Лиа Лу (5)
Шестото и седмото дете на Роман се родени во Њујорк во бракот со неговата трета сопруга Даша Жукова, со која се разведе во 2017.
Прочитајте и за огромното богатство на Роман Абрамович!
С. С. | Црнобело