Испуштениот детаљ во совршените модни стајлинзи на Тифани и Иванка Трамп (фото)
- Детали
- петок, 23 ноември 2018
Ќерките на Доналд Трамп направија модни погодоци, но при подготовката нешто беше испуштено и твитерџиите веднаш реагираа.
Доналд Трамп периодов минува квалитетни мигови со своето семејство. Во САД го слават Денот на благодарноста и владее празнична атмосфера.
По тој повод ќерките на претседателот на САД се појавија во беспрекорни стајлинзи.
Иванка Трамп се појави во црн миди фустан, високи чизми во боја на вишна и впечатлив капут.
Тифани се одлучи за розово асиметрично палтo, розова чанта и фустан од тантела и ги искомбинира со златни чевли. Но, испушти еден детаљ - да ја извади лепенката од нејзините нови салонки.
Сепак, нејзиниот комплетен стајлинг е моден погодок.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1065312353028173824&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Flifestyle%2Ftiffany-trump-steps-tag-still-211500866.html
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1065292779117400064&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.yahoo.com%2Flifestyle%2Ftiffany-trump-steps-tag-still-211500866.html
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





