51-годишниот Дејвид Гета со 24 години помладата девојка на плажа на Мајами (фото)
- Детали
- вторник, 20 ноември 2018
Во минималистичко бело бикини бринетата со француско потекло го покажа своето тонирано тело. По крајот на бракот од 22 години, диџејот е со Џесика од 2015.
Дејвид Гета (51) се забавуваше на плажа на Мајами со неговата 27-годишна девојка Џесика Ледон. Познатиот диџеј и продуцент може да се пофали со завидно тело за своите години.
Дејвид и Џесика се капеа, сончаа и забавуваа со своето куче на плажата.
Инаку, диџејот ужива на Флорида откако таму си купи стан од 9.5 милион долари. Во периодите кога не престојува во него планира да го изнајмува станот со спектакуларен поглед кон водата.
Дејвид Гета е со Џесика од 2015 година. Тој се разведе во 2014 година по 22 години брак со неговата сопруга Кејти (50), која работи како организатор на свадби. Парот има 2 деца заедно, 13-годишниот син Тим Елвис Ерик и 9-годишната ќерка Енџи Гета.
Дејвид Гета и неговата сексапилна девојка:
С. С. | Црнобело