Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Настапот на Queen на „Live Aid“ во „Bohemian Rhapsody“ е неверојатно автентичен

Филмот „Bohemian Rhapsody“ не престанува да ја воодушевува публиката, а многумина веќе го гледале и по вторпат. Глумата на Реми Малек е врвна и тој успева да влезе во ликот на Фреди Меркјури и маестрално да го одглуми.

nastapot-na-queen-na-live-aid-vo-bohemian-rhapsody-e-neverojatno-avtentichen-01.jpg

Да се пренесе на филмското платно харизмата на Фреди сигурно била тешка задача и за продукцијата, но и за самиот актер. Сепак, пофалбите за тоа како Малек ја одработил својата работа во филмот не престануваат.

Она што и понатаму ги плени гледачите е неверојатната автентичност и вниманието посветено на деталите, како што е настапот на „Live Aid“.

 

Пред воопшто да се снима оваа сцена, Малек ја гледал оригиналната снима од 1985 година над 1000 пати, за да може да ги „улови“ дури и најситните детали.

Младиот актер успеал во тоа, бидејќи ги доловил дури и гестикулациите и изразите на лицето на Фреди за време на настапот.

 

Со успехот што филмот го доживува, се разрешени сите стравови и дилеми дали Малек ќе успее да го одглуми големиот пејач. Тој ја доби улогата откако Саша Барон Коен се повлече од филмот поради „креативни разлики“ уште во 2010-та. Тогаш снимањето беше запрено, но неколку години подоцна продукцијата одлучи да го продолжи проектот до крај.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg