По 6 години и 3 деца, тиркизниот фустан на Кејт Мидлтон повторно ѝ прилега совршено (фото)
- Детали
- петок, 09 ноември 2018
Фустанот од британската дизајнерка Jenny Packham, со вредност од 4.560 евра, е едно од најскапите модни парчиња што ги носела Кејт Мидлтон досега.
Кејт Мидлтон е позната по тоа што ги носи парчињата облека повеќе пати, па така повторно воодушеви со раскошниот тиркизен фустан од Jenny Packham, кој го носеше пред 6 години.
36-годишната Војвотка од Кембриџ го придружуваше својот сопруг Вилијам на настанот „Tusk Conservation Awards“.
Овојпат косата ѝ беше пуштена за разлика од 2012 година кога во комбинација со фустанот носеше низок кок на гала вечерта во Лондон по повод одбројувањето до Олимписките игри.
И покрај фактот што оттогаш се поминати 6 години и Кејт во меѓувреме има родено 3 деца, таа во фустанот изгледа беспрекорно како некогаш.
Кејт во елегантниот фустан некогаш и сега:
С. С. | Црнобело