Каков татко, таква ќерка: Наследничката на Вилијам Леви го покажа талентот (видео)
- Детали
- вторник, 06 ноември 2018
Актерскиот пар очигледно има достојна наследничка која ги обожава камерите и има талент.
Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез имаат две деца, а нивната ќерка Кајли очигледно ги наследила убавината и талентот од своите родители.
Деновиве Елизабет објави видео на кое Кајли пее и игра, а во описот стоеше: „Мојата мала суперѕвезда“.
Малото девојче очигледно има талент за пред камерите, па не е чудно ако тргне по стапките на нејзините познати родители.
Вилијам и Елизабет се трудат колку можат да забават со нивните актерски кариери за да минуваат повеќе време со своите деца, а семејните фотки се доказ дека успеваат да минат квалитетни мигови заедно.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





