Славни жени кои не очекуваат мажите да им бидат верни
- Детали
- понеделник, 05 ноември 2018
Додека на многумина им е незамисливо да постои човек што би ѝ приредил прељуба на Моника Белучи, прекрасната италијанска дива вели дека тоа за неа е сосема нормално. И го прифаќа како своја реалност.
Во времето дури беше во долгогодишен брак со францускиот глумец Винсент Касел, една од најубавите жени во светот, проговори сурово искрено на оваа тема.
И не е единствената. Меѓу познатите дами од светот на филмот и музиката, има и такви кои отворено признаваат дека не веруваат во моногамија.
А, согласно нивниот став дека не е природна, тие придаваат поголема важност на другите квалитети кoи ги поседуваат припадниците од посилниот пол.
Ова се славните жени кои не очекуваат мажите да им бидат верни:
Скарлет Јохансон
„Идејата за бракот е мошне романтична и убава. И во пракса може да испадне прекрасно. Сепак – јас не мислам дека е природно да се биде моногамна личност. Можеби поради ова некој ќе ме нападне, ама лично сметам дека моногамијата е тешка работа. Фактот што толку многу луѓе се мачат со неа, несомнено докажува дека таа е неприродна. Ја почитувам и самата сум била во такви врски, иако верувам дека е спротивна на нашиот инстинкт, секогаш да бараме нешто ново.“
Џејда Пинкет Смит
„Верувам дека мојот сопруг е маж со интегритет. Ја има сета слобода на светот. И, сѐ додека може да се погледне во огледало и да биде во ред самиот со себе, тогаш и мене ми е ОК. Мора да ѝ веруваш на личноста со која си во врска. На крајот на денот, јас не сум нечиј чувар. Не сум негов чувар. Тој е возрасен човек. Ние на сѐ гледаме од перспектива, според која нема избегнување на она што е природно. Секако дека ќе ни се привлечни и други особи. Во своите брачни завети, немаме кажано дека ќе ги отфрлиме сите останати луѓе.“
Доли Партон
„Моногамијата е една од најпреценетите доблести. Моногамија е монотонија. Јас сум повеќе од педесет години во отворен брак со сопругот.“
Ема Томпсон
„Моногамијата е чудна состојба. Особено за жените. Мислам дека сме заробени во одредени идеи и романтични идеали, кои веќе некое време ни ги обликуваат мислењата за врските. Јас често размислувам за алтернативите, како и околу тоа дали нашата лутина, бес и шок поради неверството се реалистични.“
Моника Белучи
„Може да чувствуваш страст и кон најлошиот маж што некогаш си го запознала. Ама, тоа нема врска со длабоко партнерство. Во таквиот однос опстојува страста, но поважни се довербата и почитувањето, како и сознанието дека мажот ти е лојален. Меѓутоа, не нужно во сексуална смисла, туку да е секогаш тука покрај тебе. Тоа е поважно од самата верност. Смешно е да очекувам од него да биде верен ако ме нема два месеци. Не може да го испитуваш со кого бил и што правел. Многу пореално и подостоинствено ми е да очекувам дека ќе биде со мене, тогаш кога јас сум со него.“
М. А. | Црнобело