Славни личности кои во младоста научиле колку тешко се заработуваат парите
- Детали
- четврток, 01 ноември 2018
Иако има и такви исклучоци, сепак повеќето не се родиле славни, успешни и богати.
Почетокот секогаш е трнлив, а многу славни личности уште на млади години научиле која е вредноста на парите и колку тешко се заработуваат.
Сега се славни и богати, но некогаш морале да работат секаква работа за да се одржуваат себе или семејството.
Во продолжение погледнете ги приказните за ѕвездите кои знаат дека патот до успехот е трнлив:
Никол Кидман
Кога имала 17 години, нејзината мајка се разболела, па таа морала да ги прекине студиите и да оди на курс за масажа за да ѝ помогне на мајка си да се справи со болката во мускулите по хемотерапијата. Таа исто така почнала да масира клиенти во домот.
Џејк Џиленхол
Родителите на Џек сакале да му вметнат чувство на благодарност за безбеден живот, па барале од него да работи секое лето.
Актерот бил спасувач на плажа 3 години, па знае добро што значи напорна работа.
Џулија Робертс
Пред да стане славна актерка и најубава жена на светот, Џулија работела во продавница за сладолед Baskin Robbins.
Двејн Џонсон
Првата работа ја добил на 13-годишна возраст и работел од 15 до 20 часа секојдневно како мијач на садови и не се срами од тоа.
Џенифер Анистон
Уште кога била дел од Broadway, истовремено работела како курир на велосипед, а за ова искуство кажува дека била најтешката работа која ја имала.
Џеф Безос
Кога бил тинејџер, тој работел во McDonald’s, а иако не ја сакал работата, вели дека најголемиот дар од ова искуство бил што научил да крши јајца со една рака.
М. М. | Црнобело