Славни парови кои се венчаа (и разведоа) без предбрачен договор
- Детали
- вторник, 02 октомври 2018
Благодарение на предбрачниот договор, разводот на Бред и Анџелина ќе биде фер и 400-те милиони долари ќе бидат праведно распределени. Но, некои холивудски парови не се толку среќни.
На почетокот, кога биле вљубени и среќни, заборавиле да мислат дека некогаш работите може да се разнишаат, па избегнале да состават и потпишат предбрачен договор.
Ова се дел од славните парови кои се венчаа, а потоа некои и разведоа, без да го осигураат своето богатство:
Расел Бренд и Кети Пери
Парот беше во брак 13 месеци. Кога Расел ги пополнувал документите за развод можел да побара половина од 55-те милиони долари на Кети Пери, но наместо тоа рекол „Имам добра работа. Само сакам да живеам убав живот. Не сум по тоа да земам пари од жените.“
Кети Пери пак, ги потпишала документите заедно со смајли и срце на крајот на потписот. Дефинитивно еден од најпријателските разводи на сите времиња.
Мадона и Гај Ричи
Мадона се омажи за Гај Ричи во 2000-та година без предбрачен договор и покрај огромното богатство. Бракот траеше 8 години, а Мадона вложи цели 92 милиони долари во разводот.
Ник Лаше и Џесика Симпсон
Кога се венчаа во 2002-ра година зборот развод не им паѓаше на памет. Но, 3 години подоцна, ги пополнија документите за официјална разделба.
Џесика Симпсон му понудила на Ник 1,5 милиони долари, но тој одбил и ја накачил сумата. На крајот, добил прилично добра сума од нејзините 35 милиони долари.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Иако Мидлтон семејството има проценета вредност околу 50 милиони долари, Кејт Мидлтон на свое има нема никакви примања. Од друга страна пак, принцот Вилијам само од неговата мајка наследил 6,5 милиони.
Сепак, парот се одлучил да не размислува на опцијата развод.
Џастин Бибер и Хејли Болдвин
Најновиот брачен пар кој наводно тајно се венчал во Њујорк пред неколку недели, одбил да потпише предбрачен договор.
Иако Џастин тежи околу 250 милиони долари, а Хејли само 3 милиони долари, не размислуваат за поделба на богатството во случај на разделба.
М. Д. | Црнобело