Славни парови кои не сакаат деца

Мнозинството луѓе имаат желба да се остварат во улогата на родители. Од друга страна, постојат и такви кои поради лични, или, пак, професионални мотиви, сепак се решаваат за живот без поколение. Ниту ѕвездите не се исклучок.

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-1.png

Ова се славните парови кои не сакаат деца:

Кристина Хендрикс и Џефри Аренд

Ѕвездата на серијата „Mad Men“, Кристина Хендрикс, предизвика расправа во 2014 година, кога во интервјуто за магазинот Health, откри дека таа и нејзиниот сопруг Џефри Аренд не сакаат деца.

„Одлучивме дека не сме заинтересирани да станеме родители. Имаме куче и тоа е мојата идеја за основање семејство. Луѓето велат дека е ова ни е како вежба за родителство. Јас, пак, мислам дека е само вежба за уште едно кученце.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-2.jpg

Заедно се единаесет години во брак, а мислењето не им се промени во меѓувреме.

„Мноштво луѓе ми приоѓаат и ми се заблагодаруваат, бидејќи јавно го кажав својот став. Си помислив колку е тажно што не смее јасно и гласно да се искажеме. Не разбирам во што е проблемот. Постојат луѓе кои имаат деца и оние кои ги немаат. Ние сме едни од овие што немаат.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-3.jpg

Опра Винфри и Стедман Греам

Претходниот пар не е единствената славна двојка што донесе ваква одлука. Американската водителка Опра Винфри и нејзиниот животен сопатник Стедман Грахам, никогаш не криеле дека не сакаат да имаат деца.

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-4.jpg

Наспроти коментарите од околината, моќната дама остана доследна на личниот став.

„Мислам дека не би билa добра мајка. Немам трпение. Луѓето ми вршеа притисок, говорејќи ми дека мора да се омажам и да родам дете. Меѓутоа, јас знаев дека сум тип на личност која нема да зажали поради тоа што немала деца.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-5.jpg

Џеј Лено и Мејвис Николсон

Легендарниот американски водител Џеј Лено и неговата сопруга Мејвис Николсон се 38 години во брак. Штом се запознале, тие лудо се вљубиле еден во друг, но од самиот почеток знаеле дека не сакаат деца. Ѕвездата од телевизиските екрани ја навести причината во кратки црти.

„Работам во светот на шоу бизнисот. Тоа е себична професија.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-6.jpg

Понежната половина, пак, отсекогаш знаела дека децата не се дел од нејзината иднина:

„Се сеќавам дека како осумгодишно девојче, на мајка ми ѝ велев дека нема да се омажам, ниту да имам деца. Гледав прекрасни млади жени, кои беа илјадапати попаметни од своите мажи. И, тие исти мажи го поминуваа времето, говорејќи дека жените им се напорни, па размислуваат како би можеле да побегнат од нив. А, во суштина, јасно беше дека жените беа тие кои се заробени.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-7.jpg

Елен Деџенерис и Порша де Роси

Водителката Елен Деџенерис и глумицата Порша де Роси се во брак од 2008 година.

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-8.jpg

Нивната одлука да немаат деца, комичарката ја образложи во една прилика, со препознатливиот хумористички стил.

„После четири години во врска, разговаравме и за таа можност. Одлучивме дека ни се допаѓа тоа што никој не ги прекинува нашите муабети и што мебелот не ни е извалкан.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-9.jpg

Рики Џервејс и Џејн Фелон

Меѓу паровите кои одбраа живот без поколение, исто така спаѓаат комичарот Рики Џервејс и писателката Џејн Фелон. Заедно се 25 години, а тој се пошегува дека не сакаат деца, затоа што се себични.

„Од првиот ден е само јас, јас и јас!“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-10.jpg

Партнерката, пак, повеќе се осврна на нивната непоколебливост.

Се сеќавам дека размислував, што би се случило, кога Рики би го променил мислењето. Јас бев сигурна во својата одлука и никогаш не ни помислував за алтернатива. Испадна дека и тој истото се прашувал за мене. На крајот ни олесна и на двајцата.“

slavni-parovi-koi-ne-sakaat-deca-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg