Каде се и што прават децата на озлогласениот Чарлс Менсон?
- Детали
- сабота, 29 септември 2018
Мрачниот Чарлс Менсон, колку и да ни изгледа неверојатно, е нечив татко. Сепак, тоа не го прави помал злосторник.
Лидерот на култот на фамилијата Менсон често велел дека не знае на колку деца е биолошки татко. Сепак, она што е познато е дека има признаено три синови.
За нивна среќа, тие извесен период живееле далеку од медиумите и од темната сенка на нивниот татко, кој е одговорен за смртта на петмина, меѓу кои и актерката Шерон Тејт.
Што се случува денеска со тие деца?
Најстариот
Најстариот признаен син на злосторникот се вика Чарлс Менсон Јуниор и е роден во 1956 година. Негова мајка е првата сопруга на Менсон, Розали Џин Вилис. Менсон ги напуштил кратко по неговото раѓање.
Во текот на својот живот, младиот Чарлс станал свесен за своето потекло и го сменил своето име во Џеј Вајт. Сепак, минатото го прогонувало и во раните 90-ти, поради психолошки притисок и неможноста да се помири со тоа кој е, Џеј, односно Чарлс Јуниор се самоубил.
Средниот
Вториот син Менсон го добил со втората сопруга, Леона Стивенс. Тие го добиле синот Чарлс Лутер Менсон. И овој брак брзо пропаднал, а Леона успеала да го држи својот син што подалеку од очите на јавноста и за него нема јавно достапни податоци.
Најмладиот
Валентин Мајкл е синот кој Менсон кој добил со Мери Брунер, членка на Фамилијата Менсон. Тој пак, своеволно решил да го искористи неславното потекло за да добие медиумски публицитет. Сепак, никогаш не воспоставил каков било однос со биолошкиот татко.
Додека Чарлс Менсон уште беше жив, му испратил писмо, но Валентин Мајкл го искинал без да го прочита. Во моментов, не постојат податоци каде тој се наоѓа.
Е. Д. | Црнобело