Што не е во ред со сестрите Кардашијан? (фото)
- Детали
- четврток, 27 септември 2018
Најавувајќи ја новата сезона од семејното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“, старлетите одново станаа предмет за постмев на социјалните мрежи. Каде промашија сега?
На промотивните фотографии им се поткрадна очигледна грешка во Фотошоп. Или, пак, авторите на конечната верзија на сликата заклучиле дека никој нема да ја забележи нелогичноста. Сепак – не беше така. Ја забележавте ли и вие?
На конкретната фотка, Ким и Кортни се „пораснати“ за дваесетина сантиметри плус, така што по висина се речиси изедначени со покорпулентната Клое. А, сите шест носат чевли со приближно исти потпетици.
Највеќе сантиметри ѝ се додадени на старлетата Ким Кардашијан, која од мајка си и сестрите се издвојува и по бојата на гардеробата. Инаку, разликата во висината на сестрите реално изгледа вака.
Најниска е Кортни со 152 сантиметри. Ким има 159 сантриметри, а Кајли, пак, 168 сантиметри. По неа е Клое, која има 177 сантиметри, додека највисоката е Кендал со 179 сантиметри.
М. А. | Црнобело