3 славни парови кои долги години биле пријатели пред да се заљубат

Тие ја немале среќата да се заљубат на прв поглед, туку прво добро се запознале, па потоа преминале на следно ниво.

3-slavni-parovi-koi-dolgi-godini-bile-prijateli-pred-da-se-zaljubat-01.jpg

Нивните приказни се доказ дека не секогаш е прав момент за вистинската љубов и дека некогаш, таа мора да почека.

Ким Кардашијан и Канје Вест

Се запознале во 2004-та година на забава, кога Канје се пробивал во музичкиот свет, а Ким беше на почетокот на животот како јавна личност.

Долго време биле во контакт, и покрај бурната романса на Канје со Амбер Роуз и повеќето краткотрајни врски на Ким, како и нејзиниот брак од 72 дена.

Процесот за развод на Ким беше завршен летото 2013-та, кога Ким веќе беше бремена со Норт Вест.

Една година подоцна, Ким и Канје се венчаа во Фиренца.

3-slavni-parovi-koi-dolgi-godini-bile-prijateli-pred-da-se-zaljubat-02.jpg

Мила Кунис и Ештон Кучер

Актерите беа и колеги кога Мила имаше само 14 години, а Ештон 19. Тогаш глумеа пар во серијата, но во приватниот живот биле само пријатели, со оглед на возраста на Мила.

Првиот бакнеж на Мила Кунис се случил токму за време на снимањето со Ештон.

Од 1998-ма година до 2006-та останале во контакт, но не се дружеле приватно. Мила беше 8 години во врска со Меколи Калкин, додека Ештон беше во еден од поконтроверзните бракови во Холивуд, со Деми Мур.

Иако пред јавноста се претставуваа само како пријатели, во 2014-та година добија ќеркичка, а во 2015-та го кажаа судбоносното да.

3-slavni-parovi-koi-dolgi-godini-bile-prijateli-pred-da-se-zaljubat-03.jpg

Хавиер Бардем и Пенелопе Круз

Актерите се запознале на снимање на филм во 1991 година. Тогаш Пенелопе имала 17 години, а Хавиер 22 години. Тоа бил почетокот на едно прекрасно пријателство кое ги преживеало сите љубовни авантури на двајцата.

Пенелопе имаше многубројни љубовни романси со холивудски мажи, додека Хавиер имаше 10-годишна љубовна врска.

Работата повторно ги спои во 2008-ма година. Играјќи комплексни улоги, старите колеги и пријатели попатно се заљубиле.

Во 2010-та година тајно се венчале на приватна забава на Бахамите, а во 2011-та година го добија првото дете, синчето Лео, а две години подоцна и ќеркичката Луна.

3-slavni-parovi-koi-dolgi-godini-bile-prijateli-pred-da-se-zaljubat-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Имала слепило на едното око, со родителите побегнале од Украина – Тажни детали од животот на Мила Ку... Родителите на Мила Кунис одлучиле да ја напуштат Украина бидејќи биле Евреи. А, ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg