Некогаш го сака, некогаш го мрази: 8 изјави на Ким Кардашијан за нејзиниот задник
- Детали
- петок, 21 септември 2018
Ким Кардашијан има измешани емоции кон нејзиниот задник, некогаш е горда на него, некогаш ја прави несигурна.
Иако многу девојки низ светот ѝ завидуваат на него, Ким Кардашијан вели дека понекогаш смета дека нејзиниот задник е преголем.
Сè што некогаш Ким кажала за својот задник:
„Сакам облини, но не го сакам мојот задник и колкови, тие се толку големи. Навистина имам несигурности.“
„Пред да ослабам мојот задник беше толку голем, што одев наназад за да не можат да го видат. Пробата на секој стајлинг ме правеше несигурна.“
„Мојот сопруг сака кога мојот задник станува поголем. И сака кога моите гради стануваат поголеми. Кога доев, тие беа поголеми од главите на моите бебиња.“
„И тие велат дека немам талент. Обидете се да балансирате чаша со шампањ на вашиот задник.“
„Мојот задник и моите колкови последни слабеат, но не сопирам.“
„Ќе правам разголени селфиња сè додека не умрам.“
„Понекогаш ми здосадуваат разговорите за мојот задник... Сите жени имаат по еден.“
„Најлудиот трач што го слушнав за себе е дека задникот ми експлодирал во авион. Сериозно? Како на луѓето им текнуваат вакви работи? Лудо е.“
С. С. | Црнобело