Мараја Кери, Барак Обама и други ѕвезди кои не ја обожаваат Ким Кардашијан
- Детали
- четврток, 20 септември 2018
Со оглед на мулти-милионското богатство, светската слава на реалното шоу и успешните колекции кои го носат нејзиното име, би очекувале сите да ја обожаваат. Зборуваме за Ким Кардашијан.
Но, има такви „колеги“ и јавни личности кои не се плашат јавно да го изразат незадоволството од нејзината слава и да кажат дека не се нејзини фанови.
На пример:
Даниел Крејг
„Го гледав шоуто на Кардашијанс и си помислив: За да заработиш милиони мора да се однесуваш како идиот...“ е само сегмент од изјавата која Крејг ја даде во едно интервју за магазин.
Мараја Кери
„Се извинувам, но ќе кажав: Нема да носам маска за да станам дел од Холивуд, јас сум вистински човек. И со мојот сопруг, иако повремено ме излудува, не се разведов еден месец по венчавката.“
Барак Обама
„Не сакам кога моите ќерки го гледаат шоуто“ гласеше мислењето на Обама за шоуто на Кардашијанс.
Наоми Кемпбел
Појавувањето на Ким и Канје на Vogue магазинот, Наоми го прокоментира вака: „Кога се појавуваш на насловната на Vogue, тоа би требало да е достигнување во твојата кариера. А, за да стигнеш до таму би требало да работиш многу. Би требало.“
Рис Витерспун
„Сакате да ви откријам тајна? Во Холивуд, можете да станете славни дури и од обично реално шоу. Искрено, јас би се засрамила и би се скрила под кревет ако некој маж објави секс видео во кое учествувам.“
М. Д. | Црнобело