Што ќе се случи ако се разведат Доналд и Меланија Трамп додека тој е на функција?
- Детали
- среда, 15 август 2018
Кој ќе ги извршува обврските на Прва дама ако Меланија се разведе од Доналд Трамп? Колку пари ќе земе Меланија по разводот?
Постојано кружат гласини околу можниот развод на Доналд и Меланија Трамп. Од скандали со порно актерки до јавно одбивање Меланија да го фати за рака и обратно, постојат низа сигнали дека во нивниот однос не цветаат рози.
Гласини ги подгреаја и мемоарите на поранешната асистенка на Трамп, која ја напушти Белата Куќа во декември, Omarosa Manigault Newman, во кои вели дека Меланија ја брои секоја минута додека Трамп не замине од функцијата за да се разведе од него.
Што ќе се случи ако Меланија сепак се разведе од Трамп додека тој сè уште е на функција?
Улогата на Прва дама на Меланија е комплетно церемонијална, па нема потреба од некое официјално повлекување. Технички и по разводот таа може да биде Прва дама, но со оглед на тоа дека Меланија не го сака Вашинготон, сигурно ќе се пресели во Њујорк (се сеќавате доцнеше и со доселувањето во Белата куќа) и нема да биде во можност да ги извршува обврските.
Трамп најверојатно ќе назначи блиска женска роднина да ја замени Меланија, а тоа најверојатно би била неговата ќерка, Иванка Трамп.
Како и во двата претходни брака, Трамп сигурно има предбрачен договор и со Меланија и во таков случај сумата што ќе ја добие Меланија по разводот веќе е прецизно одредена. Но, тоа што Трамп е претседател во моментот сигурно ќе влијае на зголемување на истата.
Адвокатите тврдат дека ако Меланија потегне некоја голема иницијатива по 13 години брак со Трамп, може да извлече голема финансиска добивка. Тие веруваат дека Трамп сигурно би бил подготвен да го плати нејзиното молчење за некои аспекти од нивниот живот.
Потоа ќе одат на суд за старателство врз синот и најверојатно Меланија ќе добие комплетно старателство, а Трамп само ќе оди на посети кај синот Барон во Њујорк.
Се разбира, во заеднички договор веруваме дека Меланија со разводот ќе почека барем до крајот на мандатот на нејзиниот сопруг. Но, можеби нивната љубовна приказна ќе добие поинаква насока и разводот нема да биде опција. Никогаш не се знае кога рози може повторно да почнат да цветаат некому, зарем не?
Прочитајте и Меланија се бори со обидите на Доналд Трамп да ја држи за рака!
С. С. | Црнобело