Зошто Челзи Дејви му раскина на принцот Хари поради Кејт Мидлтон и Вилијам?
- Детали
- сабота, 11 август 2018
Години пред принцот Хари да се вљуби во Меган Маркл, тој речиси ќе се оженеше со Челзи Дејви, девојката со која беше во врска 7 години.
Но, таа одлучи да раскине со Хари засекогаш на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година. Тогаш сфатила дека не сака да му биде невеста и сопруга на Хари кога видела со колку голем притисок се соочува Кејт Мидлтон во таа улога.
Новинарката Ангела Левин во нејзината кралска биографија „Harry: Conversations with the Prince“ откри дека Челзи доаѓала од различен свет од оној на Хари и многу ја ценела својата приватност, па затоа не можела да си замисли целиот живот да ѝ биде под будното око на јавноста.
Плус сфатила дека не си посакува себеси свадба со таква екстравагантност.
Челзи и Хари раскинале по свадбата на Кејт и Вилијам и имале само уште едно кратко смирување во летото 2015 година, но сепак не успеале да најдат заедничко гледиште за иднината.
Во едно интервју Челзи изјави дека за време на врската со Хари медиумите толку многу ја прогонувале што имало луди, некомфорни, па дури и застрашувачки мигови. Не можела да се справи со тоа. Сакала да биде нормална девојка, а притисокот бил ужасен.
Прочитајте и 12 интересни факти за Челзи Дејви, поранешната девојка на принцот Хари!
С. С. | Црнобело