Бијонсе ги родила близнаците со ризичен царски рез, а по неверството од Џеј Зи се чувствувала посекси

36-годишната Бијонсе е позната по тоа што е исклучително заштитнички настроена кон својата приватност и своето семејство, но овојпат за Вог направи исклучок.

bijonse-gi-rodila-bliznacite-so-rizicen-carski-rez-a-po-neverstvoto-od-jay-z-se-cuvstvuvala-poseksi-001.jpg

По цели 4 години, Бијонсе се отвори за породувањето со близнаците, бракот и неверствата во интервјуто проследено со колоритни фотки.

На светот му откри дека претрпела хипертензија предизвикана од бременоста, која ненадејно го подула нејзиното тело и ја довело до цели 99 килограми тежина. Близнаците ги родила со итен, но ризичен царски рез, кој можел да биде погубен по нејзиниот и животот на Руми и Сер.

bijonse-gi-rodila-bliznacite-so-rizicen-carski-rez-a-po-neverstvoto-od-jay-z-se-cuvstvuvala-poseksi-2.jpg

„Бев потечена и морав да одморам еден месец по породувањето. Моето здравје и здравјето на моите бебиња беше во опасност, морав да се согласам на царски рез.

Поминавме неколку недели на интензивна нега. Сопругот беше вистински борец и огромна поддршка за мене.

Горда сум што сум сведок на неговата сила и еволуција како маж, најдобар пријател и татко. Бев во период кога преживував, а тоа го сфатив неколку месеци подоцна.

bijonse-gi-rodila-bliznacite-so-rizicen-carski-rez-a-po-neverstvoto-od-jay-z-se-cuvstvuvala-poseksi-1.png

По 6 месеци почнав да се подготвувам за Коачела. Привремено станав веган, се откажав од кафе, алкохол и овошни пијалаци. Но, бев трпелива и уживав во моите облини. Моите деца и мојот сопруг исто така.“

Нешто подоцна во интервјуто, без директно да нагласи дека зборува за нејзиниот брак, вели дека скршеното срце и предавството се сега зад неа.

„Постојат многу нијанси во секое патување. Ништо не е црно или бело. Сум поминала низ пекол и сум се вратила, и сум благодарна за секоја една лузна.

Сега се чувствувам многу поубава, посекси и многу поинтересна. Секако, и многу помоќна.“

bijonse-gi-rodila-bliznacite-so-rizicen-carski-rez-a-po-neverstvoto-od-jay-z-se-cuvstvuvala-poseksi-4.jpg

Овие исповеди ги заокружи со фантастична фотосесија:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од Бијонсе, по обвинувањата дека ја белела кожата Бијонсе го промени имиџот, па одлучи да ја офарба косата платинесто руса, но ова...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg