Кои принцови сè уште се сингл?

Можеби принцовите Вилијам и Хари веќе се во брак и создаваат свои семејства, но добра вест е што во светот постојат уште принцови по кои девојките може да воздивнуваат.

ne-se-site-zafateni-koi-princovi-se-ushte-se-singl-001.jpg

Меѓу нив има и такви кои не се популарни, како што е принцот Себастијан од Луксембург, но и вистински претставници на сината крв, како што се шеикот од Дубаи или султанот од Брунеи.

Па, запознајте некои од нив:

Принцот од Луксембург

Принцот Себастијан има 27 години и е најмлад син на војводата Хенри. Тој е шести по ред во линијата за наследство на луксембуршкиот престол.

Освен што има студирано воена академија, како и сите негови браќа и машки предци, тој има и диплома по маркетинг и комуникации, стекната на Колеџот во Охајо.

Тој тренира рагби, а играл и во националниот тим. Сака спортување, особено скијање, пливање и искачување по планини.

megju-niv-ima-navistina-zgodni-koi-princovi-se-ushte-se-singl-02.jpg

Принцот од Јордан

Хусеин Бин Абдула е најстариот син на јорданскиот крал и е прв во линијата за наследство на престолот. Има само 23 години, но и диплома по меѓународна историја, како и од Кралската воена академија на Велика Британија.

Тој на своја 20-годишна возраст претседавал со седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Обожава да поминува време со помладите браќа и сестри, но и да спортува.

megju-niv-ima-navistina-zgodni-koi-princovi-se-ushte-se-singl-03.jpg

Принцот од Белгија

Овој млад престолонаследник го крие приватниот живот од јавноста, па затоа за него се знаат малку детали. Принцот Јоаким има 26 години и е 9-ти по ред во линијата за наследство на престолот.

Тој студирал меѓународна економија, менаџмент и финансии на Универзитетот во Милано, а потоа завршил и поморска школа, по што станал офицер во белгиската морнарица.

megju-niv-ima-navistina-zgodni-koi-princovi-se-ushte-se-singl-04.jpg

Шеикот од Дубаи

Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум е втор од вкупно 12 деца на шеикот Мохамед и неговата сопруга Хинд. Во 2008 бил прогласен за наследник и оттогаш тој редовно ги извршува своите кралски протоколарни должности.

Меѓу другото, тој е и навистина влијателен корисник на Инстаграм и има над шест милиони следбеници. Исто така, под псевдонимот Фаза пишува и објавува поезија.

Има 35 години и студирал јавна политика и економија. Сака животни, велосипедизам, нуркање и да лета со падобран.

megju-niv-ima-navistina-zgodni-koi-princovi-se-ushte-se-singl-05.jpg

Принцот од Брунеи

Абдул Матин е десетто дете на султанот Хасанал Болкиа, од неговата поранешна втора жена. Тој е и четврти син на султанот и шести по ред за наследство на тронот.

Студирал меѓународна политика и дипломатија во Лондон, а потоа на престижната Кралска воена академија. Има дозвола за управување со хеликоптер, обожава јавање со коњи, а е голем љубител на диви мачки.

Всушност, тој во својот дом чува тигри, леопарди, пантери и други диви мачки кои му се миленичиња.

megju-niv-ima-navistina-zgodni-koi-princovi-se-ushte-se-singl-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg