Криси Тајген покажа како реално ѝ изгледа телото по две родени деца (фото)
- Детали
- вторник, 31 јули 2018
Криси Тајген и Џон Леџенд деновиве ги поминуваат на одмор на Бали заедно со нивните две деца.
Тие постојано споделуваат фотки и видеа на Инстаграм и изгледа дека навистина уживаат во семејниот одмор.
На Твитер, Криси сподели дека „преживеала“ 15-часовен лет со 2-годишно дете и новороденче, но сигурно се исплати за идиличната околина и неверојатната релаксација која ја доживуваат на Бали.
Have survived first 15 hour flight with 2 year old and newborn. One more leg to go 😩
-->-->— chrissy teigen (@chrissyteigen) July 23, 2018
Освен тоа, Криси на Инстаграм сподели и видео од нејзиното тело, на кое ги покажува стриите по породувањето и изјави: „Изгледа дека овие нема да исчезнат, ова е моето ново тело.“
Тоа сепак не го спречува 32-годишниот модел да ужива максимално во убавините на Бали заедно со најсаканите:
М. М. | Црнобело