Мишел и Барак Обама опуштени и разиграни на концерт на Бијонсе и Џеј Зи (видео)
- Детали
- понеделник, 30 јули 2018
Кога Бијонсе и Џеј Зи настапуваат, сите погледи се вперени во нив и публиката ужива во нивниот перформанс, освен кога Барак Обама не стои позади нив.
Фановите на концертот на Бијонсе и Џеј Зи кој се одржа во средата во близина на Вашингтон, биле изненадени кога во приватниот дел зад публиката ги забележале поранешниот претседател на САД и првата дама како играат.
Со раце во вис, скокање и опуштени танцувачки потези, Барак и Мишел уживале во секој момент од концертот на нивните пријатели.
Сите телефони од публиката биле вперени во нив и фановите се обиделе да ги снимат најдобро што можат нивните движења, посебно оние на Барак од кои сите се изненадени.
https://www.instagram.com/p/Bl1ANNphaQE/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
На социјалните мрежи се проширија видеа и фотки од Барак и Мишел кои секојпат покажуваат колку се кул и колку добро уживаат во животот кога веќе не се на должност.
.@BarackObama & @MichelleObama attending Beyoncé & JAY-Z's show in Washington, D.C. tonight. #OTRII #Round2https://t.co/m47AMvyWCv pic.twitter.com/5a0Wc5twJh
— BEYONCÉ LEGION (@BeyLegion) July 29, 2018
M. M. | Црнобело