Ѕвезди што сакале „да си ги извадат очите“ - кого мрази Силвестер Сталоне, кого Џулија Робертс?

Карање поради заеднички поранешен партнер или несогласувања од работата... Кои колеги им предизвикуваат главоболки на ѕвездите?

dzvezdi-shto-sakale-da-si-gi-izvadat-ochite-kogo-mrazi-silvester-stalone-a-kogo-dzulija-roberts-01.jpg

Тие се ѕвезди и нивното его често е огромно, па прави да имаат проблеми со своите колеги и соработници.

Од јавни препукувања до кавги на филмски сетови, кој со кого не се сака во Холивуд:

Силвестер Сталоне и Ричард Гир

Тие требало да го снимаат заедно филмот „The Lords of Flatbush“ во 1974 година, но на сетовите воопшто не се согласувале, што довело до тоа улогата на Ричард Гир да ја игра друг актер.

Сталоне изјави дека не се согласувале затоа што Гир шетал наоколу во неговата XXL моторџиска јакна како да е најголемиот мангуп што постои.

Нетрпението отишло дотаму што за време на еден оброк дошло и до физичка пресметка, кога Ричард Гир јадејќи пилешко му ги измрсил панталоните на Сталоне, иако Сталоне го предупредил пред тоа да внимава.

dzvezdi-shto-sakale-da-si-gi-izvadat-ochite-kogo-mrazi-silvester-stalone-a-kogo-dzulija-roberts-02.png

Канје Вест и Тејлор Свифт

Нивниот конфликт започна кога Канје го прекина говорот на Тејлор на MTV's Video Music Awards во 2009 година.

Потоа се смирија, но работите тргнаа на лошо и Канје изјави дека тој ја направил позната таа неблагодарна ку*ка позната.  

Но, пред некое време Ким Кардашијан прикачуваше видеа на кои Канје и Тејлор разговараат за некои песни, па изгледа двајцата се повторно во добри односи.

dzvezdi-shto-sakale-da-si-gi-izvadat-ochite-kogo-mrazi-silvester-stalone-a-kogo-dzulija-roberts-03.png

Хилари Даф и Линдзи Лохан

Нивните несогласувања наводно започнале околу Арон Картер во 2003 година. Хилари и Арон се состанувале околу година и половина, кога тој ја оставил за да биде со Линдзи.

Потоа следуваа јавни обвинувања за крадење момче, кои Линдзи ги негираше.

dzvezdi-shto-sakale-da-si-gi-izvadat-ochite-kogo-mrazi-silvester-stalone-a-kogo-dzulija-roberts-04.png

Џулија Робертс и Ник Нолти

Додека го снимале филмот „I Love Trouble“ во 1994 година Џулија и Ник толку многу се мразеле што некои сцени ги снимале одделно, па тоа потоа било спојувано некако.

Робертс не го обожавала мачо ставот на Нолти и почнала јавно да го навредува. Во едно интервју изјави дека тој може да биде максимално шармантен, но и комплетно одвратен.

На ова Нолти кратко изјави дека Џулија не е фина личност и сите добро го знаат тоа.

dzvezdi-shto-sakale-da-si-gi-izvadat-ochite-kogo-mrazi-silvester-stalone-a-kogo-dzulija-roberts-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Сопругата на Канје се облече, Пирс Броснан со извалкано сако: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични... Сестрата на Кралот Чарлс, принцезата Ана беше фотографирана како патува во патни...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg