Принцот Хари одби да ја држи за рака Меган Маркл на последната кралска должност (видео)
- Детали
- понеделник, 02 јули 2018
Меган Маркл остана затекната откако принцот Хари одби да ја држи за рака, додека и двајцата се движеа зад кралицата на најновата кралска должност.
Познато е правилото дека покажувањето на нежности во јавност е на некој начин забрането за кралските членови, па кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип, како и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се придржуваат до него.
Новитет беше што принцот Хари и Меган Маркл очигледно почнуваат да се прилагодуваат на него.
Па, ако досега бевте научени да ги гледате како се држат за раце каде и да присуствуваат, сега нежностите ќе мора да ги зачуваат само зад затворени врати.
Видеото каде принцот Хари одбива да ја држи за рака Меган Маркл и му текнува на правилото во последен момент:
https://www.youtube.com/watch?v=k4X6Jlv7esM
М. Д. | Црнобело