Кајли Џенер и Тревис Скот на прв семеен одмор со ќеркичката Сторми на Бахами (фото)
- Детали
- среда, 02 мај 2018
Кајли Џенер и нејзиното момче Тревис Скот, се фотографирани на нивниот прв семеен одмор заедно со ќеркичката Сторми.
20-годишната ѕвезда го покажа нејзиното тело на 3 месеци по породувањето, на семеен одмор на Бахамите.
Облечена во црвен костим за капење и бели шорцеви, Кајли е забележана како ужива на луксузна јахта со Тревис.
Ријалити ѕвездата очигледно полека се враќа во форма по породувањето, а на нејзиниот Инстаграм профил објави и неколку фотки од одморот.
https://www.instagram.com/p/BiQl1OzFoTe/?taken-by=kyliejenner
Кога пристигнаа до копното, на плажа ги чекаше дадилката заедно со Сторми, каде пристигнаа и неколку нивни пријатели.
Погледнете како изгледа парот додека ужива на Бахамите:
М. М. | Црнобело