Која е новата девојка на шпанскиот актер Марио Касас? (фото)
- Детали
- вторник, 27 март 2018
Парот не ја потврдува врската, но шпанските медиуми во неколку пригоди ги фотографираа заедно познатите шпански актери.
Марио Касас е еден од најдобрите шпански актери. Тој има низа успешни филмови зад себе, а важи за вистински секс симбол во Шпанија.
Веќе некое време медиумите во неговата татковина го поврзуваат со прекрасната шпанска актерка Бланка Суарез. Иако, двајцата ја негираат врската, сепак фотографите во неколку пригоди ги уловија заедно на состаноци, но и актерот беше фотографиран како го напушта домот на Бланка во Мадрид.
Актерите се запознале во 2010 година на снимањето на филмот „Carne de neon“ и оттогаш нивните професионални патишта се прекрстиле во неколку пригоди.
Последна сериозна врска на Касас е со актерката Берта Васкез со која се разделија на крајот од 2016 година.
Оттогаш тој беше посветен на кариерата и во последните две години учествуваше дури во седум филмови, меѓу кои „Contratiempo“ и „Toro“.
Запознајте ја прекрасната Бланка, која ја имаме гледано и во кампањите на Women’secret:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





