Има ли скриено значење зад чудниот гест на принцот Хари на фотосесијата со Меган Маркл?
- Детали
- среда, 29 ноември 2017
По веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл, на првата фотосесија имавме можност да го забележиме нејзиниот веренички прстен, но и нешто друго ни падна во очи.
Тоа беше чудниот гест на принцот кој беше „уловен“ на фотките, со раката ставена под копчето од сакото.
Многумина го забележаа овој негов потег, кој веќе неколку дена е главна тема и се бараат објаснувања за него по значењето на говорот на телото.
Експертите имаат поделени мислења за ова, некој смета дека е трема, друго мислење е дека е навика, а трето дека е сосема случајно.
Она што е интересно, е дека ова не е првпат принцот Хари да го направи ова, па веројатно теоријата за случајност е неиздржана.
Оваа тема беше популарна и кога со истиот гест беше фотографиран на средбата со Меланија Трамп, а има фотки и од порано на кои исто така е „уловен“ со прстите внатре во сакото.
Според Трејси Браун, експерт за говор на тело, однесувањето на Хари може да биде комбинација од две работи:
„Прво, многу е веројатно да се работи за навика. Тој е забележан вака неколкупати. Тој го крие со раката делот околу виталните органи и ги заштитува што значи дека не му е баш пријатно во оваа ситуација – а, на кого би му било со толку многу фотографи наоколу и луѓе кои го анализираат секој негов потег?“
Според друг експерт за говор на тело, Бланка Коб, овој гест е начин на кој Хари „го крева штитот“ во вакви ситуации во јавност:
„Раката на принцот Хари која е поставена на абдоменот служи како бариера да се одвои или дистанцира од нешто што му предизвикува непријатно чувство. Во овој случај, тоа може да биде фотографирањето. Исто така, тој може да покажува дека не само што се штити себеси, туку и неговите сакани во близина, во случајот, Меган Маркл. Ова однесување се поистоветува и со вртење на косата или тапкање со ногата и верувам дека принцот можеби и не знае дека во моментот го прави тоа.“
Изгледа дека, без разлика што принцот Хари е јавна личност која сите ја следат долго време, тој сепак тешко се справува со вниманието од медиумите и тремата, што е сосема оправдано.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





