Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неодоливиот Чак Бас од „Gossip Girl“ денес е уште поголем заводник (фото)

Можеби и вие сте еден од фановите на „Gossip Girl“, кој не престанува да сонува дека ликовите еден ден повторно ќе се соберат и ќе добиеме продолжение на серијата која го освои светот.

neodoliviot chak bas od gossip girl denes e ushte pogolem zavodnik foto 01

Чак Бас, односно актерот Ед Вествик, е човекот кој ги маѓепса девојките во серијата „Gossip Girl“ (2007-2012).

Манипулативното лошо момче се претвори во вистински романтичен херој во текот на оваа хит серија и остави печат со својот беспрекорен стил.

neodoliviot chak bas od gossip girl denes e ushte pogolem zavodnik foto 02

Тој правеше да ѝ се затресат колената на секоја девојка во Њујорк само со изјавата: „Јас сум Чак Бас“.

neodoliviot chak bas od gossip girl denes e ushte pogolem zavodnik foto 03

Англискиот актер и музичар е роден во 1987 година. Глумел во повеќе филмови меѓу кои „Children of Men“, „Son of Rambow“, „Chalet Girl“, „Romeo and Juliet“, „Bone in the Throat“, „Freaks of Nature“, „Billionaire Ransom“ итн.

Моментално лондонското златно момче е актуелно со улогата на Винсент Сван во серијата „White Gold“. Шармот на Ед одлично послужи во неговата улога на продавач во 1980-тите во Англија.

Ликот овојпат не му е толку богат како Чак Бас, ниту стилот не му е толку добар, но одлично е повторно да го видиме Вествик во ТВ серија.

„White Gold“ ќе има и втора сезона, која ќе биде пуштена во 2018-та година.

neodoliviot chak bas od gossip girl denes e ushte pogolem zavodnik foto 04

Инаку Ед периодов е среќно вљубен во една прекрасна бринета. Актерот постојано прикачува фотографии со неа на социјалните мрежи, а веќе започнаа и да се појавуваат заедно на различни манифестации.

Станува збор за Џесика, модел, актерка и Инстаграм ѕвезда. Родена е во 1991 година и е мајка на 8-годишно момче, Роман, кој го родила кога имала 17 години. Бракот со таткото на Роман не успеа.

Еве дел од најновите фотки на Ед на Инстаграм:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Ги освои жените ширум светот со улогата во серијата „The Gentlemen“ - Кој е Тео Џејмс? Има грчко потекло, освојува женски срца со неодоливиот изглед, стекна голема поп...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети? Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одма...
Актери кои глумат најдобри пријатели во серии, но не се поднесуваат во реалноста Ким Катрал толку многу ја мрази Сара Џесика Паркер, што јавно ја „оцрни“ откако ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg