Таа вели дека избегала од дома, но мајка ѝ тврди дека не е најдена: Која е холивудската актерка што исчезна?

„Моето име е Шанел Бенкс. Имам 36 години и целиот живот тивко ја носам болката на ритуално сексуално малтретирање, манипулација и бескрајна тортура што ги трпам откако сум била беспомошно бебе.

taa-veli-deka-izbegala-od-doma-no-majka-tvrdi-deka-ne-e-najdena-koja-e-holivudskata-akterka-shto-ischezna-07.JPG

Сето ова од рацете на моето таканаречено семејство кое е многу ’загрижено‘ за тоа каде се наоѓам сега.

Се сретнав со полицијата и потврдив дека сум во ред, но и дека конечно сум слободна од мајка ми и нејзиното семејство“, почнува нејзината изјава.

Шанел вели дека нашла утеха кај Бог и дека пред една недела изразила желба да се крсти во црква, а тогаш видела можност да избега од нејзиното семејство.

Актерката истакнува дека во САД има многу деца кои страдале како неа и дека е време да се преземе нешто.

„35 години требаше да го трпам најлошо насилство од мојата родена мајка – Џуди Кумар. Исто и од мојот очув кој е педофил и криминалец“.

taa-veli-deka-izbegala-od-doma-no-majka-tvrdi-deka-ne-e-najdena-koja-e-holivudskata-akterka-shto-ischezna-06.JPG

Шанел вели дека била жртва и на нејзините „тетки и чичковци“, па и братучедите кои во медиумите велат дека се загрижени за неа.

Таа додава дека покрај сексуалното малтретирање, никогаш немала свое јас, а кога пробувала да си замине, нејзиното семејство умешно ги убедувало сите дека има проблеми со менталното здравје.

Кога се обидувала да си замине како повозрасна личност, постојано ја следеле и не ја оставале на мир.

taa-veli-deka-izbegala-od-doma-no-majka-tvrdi-deka-ne-e-najdena-koja-e-holivudskata-akterka-shto-ischezna-05.JPG

Шанел вели дека ѝ ја уништиле кариерата и дека ѝ ја украле „секоја трошка среќа или мир“.

Она што конечно ја прелило чашата за Шанел било сознанието дека нејзините родители, но и нејзиниот сопруг, пробале да добијат легално старателство над неа, со што ќе имаат контрола врз скоро секој аспект од нејзиниот живот.

taa-veli-deka-izbegala-od-doma-no-majka-tvrdi-deka-ne-e-najdena-koja-e-holivudskata-akterka-shto-ischezna-13.JPG

„Ве молам не донирајте на никаква кампања која тврди дека сум исчезнала. Јас не сум исчезната“, завршува нејзината изјава.

Засега надлежните немаат откриено дали зад изјавата навистина стои Шанел, но тие се држат до ставот дека ја пронашле и не ја сметаат за исчезната.

taa-veli-deka-izbegala-od-doma-no-majka-tvrdi-deka-ne-e-najdena-koja-e-holivudskata-akterka-shto-ischezna-2.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg