Рози Хантингтон-Вајтли критикувана откако објави гола фотка на Инстаграм: „Барем од тебе не го очекував ова“
- Детали
- четврток, 23 мај 2024
„Се разочарав од голата фока бидејќи секогаш ја гледав Рози како елегантна дама“, е еден од многуте коментари за фотографијата на девојката на Џејсон Стејтам на којашто таа позира гола.
Партнерката на Џејсон Стејтам, Рози Хантингтон-Вајтли, важи за една од поскромните славни личности.
Секогаш елегантна, речиси невозможно е да ја видите Рози во разголено издание, а дури и кога покажува сексапил, никогаш не изгледа вулгарно и невкусно и, генерално, не се разголува.
Барем сè досега.
Периодов Рози е во Франција за Канскиот филмски фестивал, а вчера сподели неколку фотки.
Дел од фотките се направени во нејзината хотелска соба, а дел во Кан.
„Утро во Кан“, стои во описот.
Но, на една од фотките Рози е потполно гола.
37-годишната актерка и модел е легната на стомак на кревет, а во кадар е нејзиниот задник.
На себе носи единствено златен накит.
Објавата има над половина милион лајкови, но и коментари со критики насочени кон Рози:
„Ова е неочекувано од неа“.
„Но, зошто голотија?“
„Голата фотка е разочарувачка, особено бидејќи отсекогаш ја гледав Рози како елегантна дама“.
„Мислев дека ти си различна“.
„Зарем е нормално што ги имаме видено градите и задникот на секоја славна жена?“
Нормално, голем дел од следбениците имаат позитивни коментари за Рози, а некои сметаат дека не треба да биде критикувана за голата фотка.
„Зачудена сум од негативните коментари. Знаејќи дека живееме во слободен свет и луѓето сами избираат што сакаат, зошто да не можеме да избереме да објавиме фотка од нашето тело?
Зошто да се срамиме од тоа? Покрај тоа, фотката изгледа многу невино…
Некои девојки на Инстаграм изгледаат многу повулгарно дури и кога се облечени“, гласи еден од коментарите за поддршка.
Што мислите, дали Рози ги заслужила критиките?