Познати личности што не сте знаеле дека се (далечни) роднини
- Детали
- недела, 10 декември 2023
Знаевте ли дека Бијонсе и кралицата Елизабета Втора се братучетки? А, дека и Џони Деп има роднинска врска со кралското семејство? Погледнете за кои познати личности малкумина знаат дека се во далечни роднински врски.
Колкупати ви се случило да дознаете дека имате некој далечен роднина за кој воопшто не сте слушнале? Така е и со познатите, многу личности меѓу нив воопшто не знаеле дека се далечни роднини, уште повеќе затоа што живеат на различни континенти и воопшто не си личат едни со други.
Во продолжение, неколку познати личности што се во далечни роднински врски, а воопшто не сте ни помислиле дека е возможно:
Одри Хепберн и принцезата Дијана
И двете важат за модни икони, но заедничко им е и тоа што се далечни роднини.
Мајка ѝ на Одри потекнува од холандско аристократско семејство, а татко ѝ е потомок на Мери Прва од Шкотска преку нејзиниот трет сопруг, Џејмс Хепберн.
Бијонсе и кралицата Елизабета
За многумина Бијонсе е кралица на поп музиката, но вистината е дека таа навистина има кралска крв во себе.
Пејачката е 25-та братучетка на кралицата Елизабета, а нивни заеднички роднина е кралот Хенри Втори.
Кејт Мидлтон и Дакота и Ел Фенинг
Сестрите Фенинг се познати актерки, кои можат да се пофалат дека имаат роднински врски во кралското семејство.
Сестрите се 21-ви братучетки на Кејт Мидлтон.
Селин Дион и Камила Паркер Боулс
Селин Дион е позната по големиот број хитови, а малкумина знаат дека таа е 9-та братучетка на сопругата на кралот Чарлс, Камила Паркер Боулс.