Тори Спелинг на „работ од сиромаштија“ среде развод - Порасна во палата со 123 соби, сега оди во евтини мотели

Според некои извори, сегашното богатство на Тори се проценува на околу 250.000 долари, додека други тврдат дека има околу 1,5 милиони.

По смртта на татко ѝ, најголемиот дел од богатството го наследи нејзината мајка – Кенди. Тори добивала пари од мајка ѝ, но поради неразумното трошење, ја изгубила оваа привилегија.

Прочитајте и: Како Тори Спелинг од богата наследничка стана задолжена жена на работ од нервен слом?

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-3.jpg

Во 2013-та, самата откри дека била на раб на банкрот и била толку задолжена, што барала пари од блиски луѓе за да си ги плати сметките.

Истовремено, периодов Тори е и среде развод.

Актерката и сопругот Дин Мекдермот се во брак 18 години, а неодамна споделија дека ќе се разведуваат. Но, речиси веднаш потоа ја избришаа објавата од Инстаграм.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-03.jpg

Според извори блиски до парот, сопругот Дин повеќе не можел да ги поднесе барањата на Тори и сметал дека „ништо никогаш нема да биде доволно добро за неа“.

Наводно, 56-годишниот Дин направил сè во негова моќ за да ја усреќи Тори, но безуспешно.

„Дин се промени и навистина се трудеше да биде сопругот што ѝ е потребен на Тори.

Но, таа постојано бара нешто друго. Ништо што направил Дин нема да биде добро за Тори“, вели извор за Daily Mail.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-04.jpg

Изворите велат и дека финансиските проблеми дополнително го влошиле односот помеѓу нив, како и обврските околу децата.

Дин, кој и самиот е актер, почнал да се ангажира повеќе за да може да го издржи семејството, но на Тори не ѝ се допаѓало ова. Односно, на почетокот таа го притискала, но кога бил зафатен со работа, му се лутела.

„Таа сакаше Дин да почне да работи повеќе за да заработува пари за семејството. И, тој доби голема улога во канадска серија и некои важни филмски улоги. Тори сакаше Дин да биде подобар татко, а тој си го посвети целото слободно време за нив“.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-08.jpg

Наводно, Дин ѝ помогнал на Тори да го подобри односот со мајка си, и на почетокот таа му била благодарна. Но, со текот на времето престанала да го цени неговиот труд, па односот значително им се влошил.

Во врска со лошите финансиски одлуки што ја донесоа на работ на банкрот, Тори смета дека вината лежи во нејзиното семејство.

„Не сум јас виновна што сакам луксуз. Израснав во раскош. Моите стандарди се многу високи. Сега не можам да си го дозволам тој начин на живот, но кога сте пораснале со сребрена лажица, тешко е да ја прифатите пластичната“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg