12-те најмоќни парови кои издоминираа на Мет Гала 2023 (фото)
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Пирс Броснан уште еднаш докажа дека е вљубен во сопругата како во младоста, Бруклин Бекам ја бакнува Никола Пелц, Никол Кидман и Кит Урбан зрачат со љубовна магија, Серена Вилијамс откри дека е бремена додека саканиот ја гали по стомак, а Ријана и Ејсап Роки моќно го затворија црвениот тепих.
Како и секоја година, првиот понеделник од мај е резервиран за еден од најпрестижните настани, Мет Гала, која овојпат на 1-ви мај се одржа во Њујорк.
Овогодинешната тема беше Карл Лагерфелд, а познатите личности со своите модни појавувања оставија впечаток на црвениот тепих.
Но, секогаш на црвениот тепих има посебна енергија кога се појавуваат моќни парови, кои зрачат со љубов и хемија додека позираат.