Авицена Лабораторија започнува со работа на нова локација во населбата Аеродром
- Детали
- среда, 18 јануари 2023
Авицена Лабораторија, водечкиот македонски бренд во областа на лабораториската дијагностика, започнува со работа на нова, поголема и посовремена локација во населба Аеродром во Скопје, на самиот булевар „Јане Сандански“ на добропозната локација кај „Мајчин дом“.
Почнувајќи од денес, досегашната лабораторија во населбата Аеродром е релоцирана на нова локација во нов и модерен објект, со што се потврдува заложбата на лабораторијата да придонесе за подобра услуга, достапност и континуиран раст и развој во дејноста. Во сите четири лаборатории на Авицена Лабораторија, три во Скопје и една во Тетово, работи искусен и професионален тим, вклучувајќи врвни лекари специјалисти по медицинска биохемија, молекуларна биологија и микробиологија.
„Седумнаесетте години успешно работење на нашиот пазар и десетте години со сопствен објект во населбата Аеродром ни налагаат попристапна и посовремена лабораторија за да се задоволат барањата на клиентите и да се продолжи долгогодишниот континуиран раст“, изјавија од Авицена Лабораторија.
Покрај внатрешните стандардни пропишани контроли на сите работни процеси што се круцијални за нејзиниот досегашен успех, Авицена Лабораторија е единствена лабораторија во нашата држава што во своето портфолио брои повеќе од 300 акредитирани лабораториски анализи, кои лабораторијата ја ставаат на исто ниво со која било друга европска или светска лабораторија.
Точниот и прецизен лабораториски резултат има витална улога во скринингот на различни заболувања, точна дијагноза, процена на ризик, мониторинг на терапија, прогноза и многу други аспекти кога е потребно донесување важни медицински одлуки и решенија.
Затоа, избраната лабораторија треба да биде ваш партнер од доверба, која на стручен, професионален и ефикасен начин може да ви овозможи најдобра грижа за вашето здравје.
Повеќе детали за релокацијата на Авицена Лабораторија во населбата Аеродром може да прочитате на avicenalab.com.mk.