Со НЛБ Банка „Пошумете со еден клик“: По една садница за нашите шуми за секоја дигитална изјава за согласност за користење на лични податоци
- Детали
- среда, 09 февруари 2022
Зачувувањето на шумскиот фонд е еден од главните фактори кој придонесува кон намалување на влијанието на климатските промени и глобалното затоплување. Зголемувањето на просечните температури на воздухот сè почесто предизвикува пожари кои прават ненадоместлива штета по шумите и шумскиот фонд.
Оттука, сè поголем е предизвикот како да се надомести, обнови и збогати шумскиот фонд и да се превенираат ризиците по животната средина со кои се соочува современиот свет.
Имајќи ја во фокусот својата стратегија за општестена одговорност со посебен акцент на одржливоста и еколошкиот пристап во своето работењето, НЛБ Банка, со цел на своите клиенти да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започнa промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг, под слоганот „Пошумете со еден клик“.
Кампањата става посебен акцент на дигитално дадена изјава за согласност, без користење на хартиени формулари. Притоа, за секоја дигитално дадена изјава за согласност, Банката обезбедува по една садница за обнова на шумскиот фонд во малешевскиот регион кој минатото лето беше зафатен од големите шумски пожари.
„Пошумете со еден клик“ започна во месец декември минатата година, но продолжува и понатаму, оставајќи можност на сите оние кои досега не ја дале својата Изјава за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг да го сторат тоа и да дадат свој, личен придонес во обнова на шумскиот фонд во нашата земја.
Покрај дигиталниот начин преку онлајн формата на веб-страницата на Бaнката, клиентите можат да ја дадат својата изјава за согласност и на телефонскиот број 02/15 600 или во најблиската експозитура.