Уникатноста треба да се препознае и поддржи - Заеднички настан на Божиновски часовници и Minnimal.mk
- Детали
- вторник, 16 ноември 2021
„Божиновски часовници и накит“ како бренд кој на македонскиот пазар застапува врвни брендови на часовници и накит пред јавноста има и голема одговорност да ги препознае, поздрави и поддржи сите брендови кои се издвојуваат, кои се трудат да направат разлика и по примерот на светските познати брендови создаваат автентичност, правејќи ја нашата земја побогата со стил и доближувајќи ја до светските трендови.
Таков е брендот Minnimal кој заедно со „Божиновски часовници и накит“ организира заеднички настан, правејќи спој на врвните парчиња накит од светот, со врвните парчиња облека креирани од македонскиот бренд.
„Нашата цел како компанија е да бидеме радар кој постајно ќе биде вклучен и постојано ќе ги поддржува локалните брендови кои имаат што да раскажат не само во Македонија, туку и во светот. Горди сме што како земја имаме со што да се пофалиме, но за да фатиме чекор со светот со оглед дека сме мала земја потребно е меѓусебно да соработуваме, да се препознаваме, да се поддржуваме, само така ни небото нема да ни биде граница за успехот“, изјавија од Божиновски часовници и накит.