Фестивал на италијанска храна во Скопје
- Детали
- вторник, 16 ноември 2021
Настан на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…
Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите NEPTUN, COIN CASA, EUROLAB, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, RESTORAN GINO и ITA BRAND.
На 27 ноември во 12.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна…Цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и уживање во италијанска храна.
Во сабота, 27 ноември, од 19 до 21 часот, посетителите ќе можат да уживаат во несекојдневно музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ!
Учесници на настанот се: Ресторан Kaj Џино, Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб и ИТА Бренд.