Шпаркасе Банка со нов повик за програмата „Чекор по чекор“ наменета за поддршка на старт-ап бизниси

Шпаркасе Банка денеска објави нов повик за учество во програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Северна Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка веќе четврта година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.

shparkase-banka-so-nov-povik-za-programata-chekor-po-chekor-nameneta-za-poddrshka-na-start-ap-biznisi-01.jpg

Програмата „Чекор по чекор“ е прва акцелераторска програма од овој вид во Република Северна Македонија, која беше лансирана во октомври 2018 година во соработка со партнерите Business Impact Lab и Startup Academy. Целта на програмата е да им обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет од образовна, финансиска и менторска поддршка.

Шпаркасе Банка АД Скопје во претходните три циклуси успешно ја реализираше програмата „Чекор по чекор“ во соработка со партнерите Business Impact Lab и Start Up Academy, кои беа задолжени за спроведување 8 различни образовни модули наменети за едукација на старт-ап менаџерите за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови. Но, исто така со своето менторство ги насочуваа стартапите како правилно да ги употребат финансиските средства и да ја продолжат инвестициската активност за да го обезбедат потребниот фиксен капитал.

Програмата „Чекор по чекор“ е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства и едукација за унапредување на нивните претприемачки вештини, кои се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој на бизнис-идеја и вработуваат еден или помалку од 10 вработени.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката, а сите заинтересирани учесници во четвртиот циклус ги покануваме да се пријават со пополнување онлајн апликација на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg