„Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” продолжува и во учебната 2021/2022 година: A1 Македонија четврта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет
- Детали
- вторник, 09 ноември 2021
Скопје, 09.11. 2021 г. – Едукативната програма за деца - “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” на А1 Македонија продолжува и во учебната 2021/2022 година.
Ова е петти циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 10 основни училишта во Скопје и целата земја, започна денеска во О.О.У. „Коле Неделковски “ во општина Центар за учениците од 4-то одделение.
„Продолжуваме со реализација на програмата ‘Интернетот не e само игра...Кликај безбедно!” која на сите нам во А1 ни е особено драга. И оваа учебна година продолжуваме со онлајн предавања за да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење. Волонтерите на А1 се подготвени да ги пренесат потребните информации и да опфатат што е можно поголем број ученици”, изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.
Предавањата и оваа година ќе ги реализираат волонтери - вработени во А1 Македонија, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.
За “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно“
Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај Безбедно!” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2018 година. Во рамките на проектот, предавањата ги проследија повеќе од 2700 четврто-одделенци, од 12 градови во земјава, а активно беа вклучени наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.
Повеќе информации за едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб стрaницата на А1 Македонија на www.a1.mk