ОКТА додели пет стипендии на постдипломци на УКИМ

Скопје, 04.11.2021 – ОКТА додели стипендии на петмина постдипломци на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

okta-dodeli-pet-stipendii-na-postdiplomci-na-ukim-01.jpg

По тој повод стипендистите имаа можност да го посетат седиштето на компанијата и да се сретнат со Главниот извршен директор Вук Радовиќ.  Поддршката која ја добија студентите е дел од програмата „Нова Генерација“, преку која веќе петта година по ред ОКТА поддржува талентирани и успешни студенти од втор циклус на студии на УКИМ.

„Изборот воопшто не беше лесен, поради тоа што како кандидати за овие стипендии се пријавуваат навистина солидни студенти, меѓу најдобрите во државата. Среќни сме што имаме можност да ги поддржиме токму овие млади амбициозни луѓе во нивното понатамошно образование и формирање како идни професионалци во своите специјалности. Ова е петта година по ред како доследно ја спроведуваме програмата „Нова Генерација“, преку која обезбедивме стипендии за 40 постдипломци. Заедно се радуваме на сите нивни достигнувања за време на студиите“, рече Главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ по потпишувањето на договорите за стипендирање на избраните постдипломци.

okta-dodeli-pet-stipendii-na-postdiplomci-na-ukim-02.jpg

Годинава, стипендираните постдипломци доаѓаат од четири факултети, сродни со дејноста на ОКТА – двајца од  Факултетот за електротехника и информациски технологии и по еден од Технолошко-металуршкиот, Природно-математичкиот и од Машинскиот факултет.

Сакам да искажам огромна благодарност до ОКТА за оваа дадена можност. Сметам дека сите студенти се свесни за тоа колку ваквите стипендии се значајни и потребни. По краткото запознавање со останатите стипендисти уверен сум дека ќе го оправдаме ова вложување во нашето образование, изјави Јован Поповски, стипендист од ФЕИТ за време на доделувањето на стипендиите во деловните простории на ОКТА.

Поддршката на образованието и новите генерации претставуваат значаен елемент во општествено одговорната стратегија на ОКТА. Во текот на изминатите пет години, преку програмата „Нова Генерација“, доделени се вкупно 40 стипендии за втор циклус студии во земјава и седум стипендии за постдипломци на универзитетите во Пиреја и на Крит во Грција. Дополнително, младите се поддржуваат и преку овозможување редовна практикантска работа во компанијата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg