Интервју со Даниел Трбогазов, Мој тренер – Центар за физичка активност
- Детали
- среда, 03 ноември 2021
Даниел Трбогазов: „Соодносот 70% исхрана и 30% физичка активност води до совршено избалансиран организам“.
Даниел е професор по физичко образование кој се повеќе е познат како фитнес и инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници, луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Како своја мисија си има поставено да ги поттикне младите, но и возрасните генерации да водат здрав и физички активен живот, преку правилна и соодветна исхрана и физичка активност.
1. Што сè опфаќа здравиот начин на живот? Какви промени треба да направиме во дневните рутини за да се чувствуваме здраво и фит?
Квалитетот на нашето здравје пред се зависи од нашите секојдневни навики. Доколку пронајдеме баланс помеѓу начинот на кој се храниме и имаме доволно физичка активност и одмор во текот на денот, нашето здравје ќе биде на задоволително ниво. Доколку сакате да се чувствувате полни со енергија и фит, време е да започнете со анализа на вашите лоши навики и да ги промените со грижа кон себе. Сепак постигнувањето состојба каде телото и организмот функционираат во совршена хармоничност, подразбира промени и тоа во дневните рутини, навиките, но најмногу во исхраната. Промените во исхраната не се однесуваат само на обемот односно количината, туку во изборот на храна, намирници, начин на подготовка. Започнување едена рутина со физичка активност, по сопствени избор е исто така еден од чекорите што треба да се преземат за да се дојде до чувството здрав и фит.
2. Од што треба да се состои едно дневно мени за здрав животен стил?
Исхраната секогаш треба да биде балансирана, независно од нашето секојдневно темпо на живеење. Дури и без разлика дали сме приврзаник на здравиот начин на живот, воопшто за добросостојбата на организмот и за поттикнување на здравите процеси во телото, потребно е сите оброци во текот на денот да бидат балансирани со прецизно дозирање и правилен избор квалитетни макронутриенти, започнувајќи од протеини, масти и јаглехидрати. Протеините се основни градбени структури во телото со примарно биолошко значење за живите организми. Мастите (липиди) кои може да бидат заситени или незаситени се главни составни компоненти на масното ткиво, но и одговорни се и за продукција на енергија во телото. И тука се и неопходните микронутриенти, витамините и минералите, а сите знаеме каде ги има.
3. Дали вежбањето и физичката активност бараат конкретна исхрана како поддршка, што треба повеќе да се внесува, а што да се редуцира или целосно исфрли?
Секоја физичка активност ги активира мускулите на нашето тело и притоа ги исцрпува мускулите и предизвикува микротрауми односно оштетување на мускулните влакна. Затоа како основа во исхраната кај физички активните луѓе е зголемениот внес на протеини, затоа што, како што кажав, протеините се основни градбени структури во телото и во случај на зголемена физичка активност тие се градежен материјал за мускулите додека пак јаглехидрати се примарен извор на енергија или гориво за мускулите. Но, да не заборавиме и дека правилниот избор на здрави масти, исто така е неопходен за физичкото здравје. Сето тоа треба да биде поткрепено со микронутриенти, витамини, минерали, растителни влакна. Така би рекол само како еден пример за совршено балансиран оброк, што во себе ги содржи сите неопходни нутриенти е јогурт Баланс+ со избор од интегрални житарки и овошје.
4. Кој е најважниот оброк во денот и како изгледа идеалниот оброк?
Сите оброци се важни во текот на денот, но многу поважно е да не се одложуваат или прескокнуваат оброците. Освен редовноста на оброците, еднакво значајна улога има разновидноста на исхраната која е многу битен фактор и е основно правило во здравата исхрана. Сепак, препорачливо е денот да се започне со оброци што создаваат енергија, додека пак после тренинг или по вежбање, дефинитивно се препорачува протеинска исхрана токму заради градбената функција на протеините и заздравување на муслите по напорните тренинзи.
5. Како до вистински баланс меѓу исхраната и физичката активност, дали се прави индивидуално или има некој генерален сооднос колку е значајно вежбањето, а колку правилната исхрана?
Има една стара мудра изрека која вели “цело е кога има се”. Колку што е значајно да вежбаме редовно, исто толку е важно и правилно да се храниме. Соодносот помеѓу внесот на храна и калориската потрошувачка последователно од физичката активност во текот на денот, секогаш треба да биде во баланс, а тоа најмногу зависи од амбициите што ги градиме, но и од индивидуалниот одговор на телото кон овие промени, годините и слично. За совршена линија и здрав организам после 35тата година се заговара соодносот 70% исхрана 30% физичка активност, односно толкаво учеството имаат во создавањето совршено избалансиран организам.
6. Дали има генерални правила, коишто и Даниел ги почитува и кои се првите 3 совети кои што треба секој што сака да изгледа и да се чувствува фит да ги знае?
Секако дека мора да имаме поставено цели и стандарди доколку сакаме да ја постигнеме најдобрата верзија од себе. И да се придржуваме кон тоа, секоја отстапка е слабост и неодлучност којашто може да има повратен удар, односно контраефект. Создадете си план на исхрана и план на вежбање и придржувајте се кон него. Мојот ден започнува и завршува со квалитетна протеинска исхрана, Баланс+ при секој оброк и 2 часа вежбање дневно. Сами најдете го својот баланс меѓу исхраната и вежбањето и придржувајте се кон тоа. Во создавањето на менито можете да бидете инвентивни и креативни, но задржете ги протеините во секој случај.
И не заборавајте, се што треба е да имате редовен тренинг, правилна исхрана и квалитетен сон, а резултатите ќе дојдат сами по себе доколку сте истрајни.